Помош
Биди различен! Изрази се! FunDial е услуга од ONE која Ви овозможува да го замените стандардниот повикувачки тон со музика по Ваш избор што ќе ја слушаат оние кои Ве повикуваат додека чекаат да одговорите на повикот.
Со FunDial можете да одредите мелодии за различни групи или за поединечни контакти, како и да одредите мелодии кои ќе важат за повици кои ќе се реализираaт во одреден период од денот или одреден ден од неделата. Исто така, можете да поставите и основна мелодија која ќе ја слушаат сите оние кои припаѓаат на групите или поединечните контакти креирани од Ваша страна. Услугата FunDial е достапна без оглед на типот на мобилен телефон или SIM картичка. Вашиот FunDial профил можете да го креирате преку IVR услугата, со повик кон (075) 140 150 или преку веб страницата на FunDial. За подетални информации јавете се во Центарот за грижа за корисници на ONE на 181 од Вашиот мобилен телефон или 02 181 од другите мрежи.
Можете да ги купите саканите FunDial мелодии и со испраќање на SMS порака на (075) 140 150 со клучен збор FD и SMS ID кодот на мелодијата кој може да го видите во Музичката галерија на оваа веб страница.
Услугата FunDial е достапна без месечен надомест. Се наплаќа само купената FunDial мелодија.
|
|
|
|
|
|
|
|
